← НАЗАД НА БОЗА

Натерајте го да се заљуби во вас!

Натерајте го да се заљуби во вас!
2384 Читања

Наречете ги подмолни или манипулативни, но овие две техники може да ви помогнат  да натрате некого да свати колку многу всушност држи до вас!

Па, уште не сме ја откриле магијата за љубовта, тка што овие техники нема да принудат некого да се заљуби во вас против своја воља, но пак веројатноста да се свртат во ваша корист е доста голема!

Натерајте го да му се допаднете… Но потоа станете недостапни.

Сите знаеме за теоријата дека луѓето секогаш сакаат да поседуваат нешто што неможат да имаат! Токму на неа се базира сколоноста на повеќето жени да се прават недостапни. Но вистината е дека за да го натерате мажот да копнее само за вас, прво мора да му покажете колку е убаво да се биде во ваше друштво. Па наместо тоа заборавете на недостапноста на почетокот на вашите односи и наместо тоа трудете се да потрошите повеќе време со него.

И тука доаѓа незгодниот дел! Кога ќе видите дека веќе почнувате да му се допаѓате, започнете да се оддалечувате постепено. Трикот е во еден момент тој да не може да ве види воопшто. Кога не сте околу него некое време, тој ќе има време да свати колку всушност му недостигате.

А идејата е следнава. Нашиот мозок е програмиран да мисли дека кога се гледаме со некого подолго време, тоа значи дека сме вљубени во него. Тогаш во нашето тело почнува да се лачи поголемо количество од супстанцијата фенилетиламин. А тоа е хемиски братучед на анфетамините кои нервниот систем ги одвојува од системот кога за прв пат ќе се заљубиме во некого. Сето тоа може да ги натера дланките да ни се потат, да почувствуваме пеперутки во стомакот и срцето да ни чука како лудо! На што ви личи ова? Да, точно на моментите во кои чувствуваме дека сме ја сретнале љубовта.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk