Добар брак може да се оствари исклучиво меѓу двајца силни и независни луѓе. Најлошото што можете да го направите за себе е да бидете зависни од други луѓе. Ако очекувате некој друг да ве направи среќни, тогаш ќе бидете бескрајно разочарани.
Можеме да заклучиме дека зависноста може да личи на љубов , затоа што тоа е сила што ги тера луѓето жестоко да се врзуваат за други. Сепак, во суштината тоа не е љубов, туку е облик на антиљубов. Таа бара, но не дава. На крајот на краиштата ги уништува врските место да ги изградува, како што ги уништува луѓето наместо да ги изградува – Скот Пек
Од мудроста на својата осаменост, пророкот Калил Џибран вели во врска со бракот:
Но во вашето заедништво нека има простор
И небесниот ветар нека танцува меѓу вас.
Сакајте се еден со друг, но не правете врски на љубовта.
Таа нека биде подвижно море меѓу бреговите на вашите души.
Наполнете си ги пехарите еден на друг, но не пијте од ист пехар.
Давајте си еден на друг од својот леб,но не јадете од исто парче.
Пејте и танцувајте заедно и бидете весели,но дозволете си секој да биде сам.
Дури и струните на лаутата се сами, иако треперат од иста музика.
Подарете ги своите срца но не ставајте ги под стража на друг.
Зашто само реката на животот може да ги задоволи вашите срца.
Стојте заедно, но сепак не премногу заедно, и столбовите на храмот стојат одвоено, а дабот и кипаристот не растат во сенката на друг.