After Midnight

Не се залетувајте прерано за брак!

Како што нашиот народ милува да каже “што е брзо тоа е и кратко”. Ова посебно важи за одлуките кои ги носиме кога ќе се заљубиме и ќе посакаме да го кажеме судбинското” да”.

Едно истражување покажало дека веројатноста за неверство е најмала во првата година од врската, кога сме заљубени и во потполност “излудени” од хормоните. Токму затоа првата година од врската е најлоша за стапување во брак, бидејќи тие бракови најлесно се распаѓаат.

Научниците тврдат дека во почетната фаза на заљубеноста ни партнерот не го гледаме реално, а камоли некој друг. Тогаш ни се чини дека е баш таа личност е правата, убедени сме дека сме ја пронашле љубовта на нашиот живот. Меѓутоа, кога работите малку ќе слегнат, кога пред очите ќе ни се “разбистри”, ни останува голата вистина за тоа кава е врската навистина или личноста со која што сме.

Токму поради тоа стручњаците за љубовни односи тврдат дека првата година од врската е најлоша за брак, бидејќи тие бракови најлесно се распаѓаат. Статистиките покажуваат дека паровите кои се запознале и добиле дете во првата година од врската имаат најмалку шанси да останат заедно. Сепак, тоа не е правило.

Неверствата се најретки во врските каде што владее љубов, но онаа зрела, лишена од посесивност и желбата да се биде постојано заедно. Исто така, и сексот е многу важен, па истражувањата покажуваат дека врските во кои сексуалниот живот е задоволителен за двата партнера, неверството поретко се случува.

Напиши коментар