After Midnight

Неколку работи за вагината кои не ги знаете

Момци, сигурно до сега сте мислеле дека ја знаете женската интимност до совршенство, но следниве факти ќе ве изненадат. Верувајте, нашата природа е толку огромна, што никогаш не знаеш кога ќе се појави уште една голема тајна. Затоа, прочитајте и учете!

А за нас, девојки, ова е одличен момент да научиме нешто за нашето тело.

  • На клиторисот има 8000 нервни завршетоци кои служат исклучиво за испорака на задоволство. Можеби затоа клиторисниот оргазам е доста почест од вагиналниот.
  • Просечната големина на вагината е помеѓу 8 и 10 сантиметри. Но! Таа има уникатни својства да се прошири до 200%.
  • Внимание, ова ќе ве стресе! Сосема е можно вагината да се рашири како чорап. Оваа состојаба се нарекува вагинален пролапс и почесто се случува кај жените по 50-та година. Се разбира, не е фатално, ниту толку страшно.
  • Знаете ли дека вагината ужасно многу личи на ајкула во нешто? Не, не е тоа што мислите. И во двете се содржи една определена супстанца наречена сквален, што извадена од ајкулите се користи во диетите и како превентивно средство против рак.
  • Вагинален оргазам добиваат 30% од жените. Повеќето стигнуваат до “врвот” благодарение на оние нервни завршетоци на клиторисот, било преку стимулирање со прсти или вистинската поза.
  • Според експертите, честото миење на вагината воопшто не е препорачливо, бидејќи вагината има уникатни својства да се чисти преку секрецијата која ги исфрла бактериите.

Write A Comment