After Midnight

Неколку совети како да се заљуби во вас

Пролетта е тука и љубовта е во воздухот – еве неколку фантастични совети како тој да се заљуби во вас!

Понекогаш е проблематично да го пронајдете и да го освоите момчето кое ви се допаѓа. Овие неколку совети ќе ви помогнат тој да се заљуби во вас. Се е врзано со тоа да имате смодоверба.

БИДЕТЕ ОНА ШТО СТЕ

Доколку се претворате не е важно дали момчето ќе се зљуби во вас, бидејќи и онака нема да се заљуби во вистинската вас. На крајот на краиштата и вие не би сакале да бидете со некој кој се претвора.

УНАПРЕДЕТЕ ГО СВОЈОТ ИЗГЛЕД

Тоа не значи дека треба да гладувате, да купувате многу гардероба и слично, туку само да пробувате да изгледате најдобро што можете. Тоа значи сладок аутфит кој ги нагласува вашите најдобри карактеристики, средена коса, малку шминка, бела насмевка и малку парфем. Тоа треба да го направите за себе и заради својата самодоверба.

СЛУШАЈТЕ

Момчињата сакаат да зборуваат за себе, па затоа девојката која ги слуша им изгледа шармантно. Разговарајте за сeбе, моменталните теми итн. околу 20 проценти од времето, а пуштете го него да има контрола над разговорот 80 проценти од времето.

СМЕЈТЕ СЕ МНОГУ

Смисолот за хумор е многу важен кога сакате да привлечете некое момче. Смеењето на неговите шеги, па дури и ако умеете да примите шега на ваша сметка, може да направи тој да се почувствува како да ве познава одсекогаш.

СТАВ

Трудете се секогаш да гледате на светлата страна на животот и да бидете весели кога пробувате да го освоите. Момчињата сакаат ведри девојки, а насмевката привлекува многу повеќе погледи.

БИДЕТЕ СЛАТКИ

Момчињата ги привлекуваат слатки девојки кои не оговараат, па затоа лошите коментари задржете ги за себе кога сте во негова близина.

Напиши коментар