After Midnight

Неколку типови на емоционален идиот

Сите ние имаме понекогаш проблеми и се трудиме да ги надминеме. Но, кога станува збор за мажите, мора да признаеме дека не им лесно. Кога ќе ги наведеме следните четири типови на емоционални инвалиди, тогаш ќе биде полесно да разбереме со што се они мора да се соочуваат.

Зависник – треба да имате во предвид дека зависникот секогаш ќе бара нешто што ќе го “крева”. Дури и ако не е зависник од алкохол, цигари, коцка, храна или било што друго, може да се закачи за вас. Тој е во постојана потрага за чувство за возбуда, и штом ќе ја добие, преминува на друга жртва. Него му е потребна поддршка, затоа што мора да научи како да се справува со проблемите во животот, пред да уклучи уште некого во својот живот.

Мамин син – најважен е односот на мажот со мајката. Во зависност од тоа дали односот е добар или лош, таков ќе биде и во врската. Мамините синови кои добивале целосно внимание од мајката, кое е повеќе од нормалното, истото ќе го бараат и во врската. Од својата партнерка ќе бараат да му ги менува пелените и да му го брише носот. Доколку пак тој не ја сака мајката, тогаш ќе бара партнерка која ќе биде тотална спротивност од неговата мајка. Проблемот е во тоа што тој секоја девојка ќе ја споредува со својата мајка, без разлика дали бил во добри или лоши односи со неа.

Несигурен нарцис – на прв поглед делува самоуверено, мисли дека е многу успешен во работата, се грижи за својот изглед, а при тоа не дозволува шега на негова сметка. Таквиот маж не се радува на ничиј туѓ успех, па дури ни на својата партнерка.

Херој – овој маж бара жена која е емоционално несигурна. Така на неа ќе може постојано да и помага, само за да не се сретне со сопствените проблеми. Откако таа ќе стане стабилна, тогаш тој ќе бара нова жртва. Овој вид на емоционален инвалид сака жена која ќе прави да се чувствува силен, способен.

Напиши коментар