After Midnight

Неколку типови на љубов

Доколку вашата љубов подразбира потполна взаемна доверба како и поддршка тоа значи дека сте возрасни. А таквите взаемни односи можат да траат долго и да бидат многу среќни.

Купидонова стрела- се јавува ненадејно и потполно го окупира срцето на љубовникот. Обземени од слепата страст, луѓето се способни на се: да го остават семејството, децата и пријателите, но тоа не се завршува добро.

Љубителите на кратките авантури и новите чувства, кои не сакаат да се врзуваат, совршено добро знаат што да очекуваат од слично настроениот представник на спротивниот пол.

Цвеќе, вечери, романтика… и овој вид на љубов има свои отрезнувачки моменти. Кога тогаш некој мора да ги излупи компирите, да го фрли ѓубрето или да ги измије садовите. Доколку едната страна не е спремна на тоа, подобра е разделба, отколку вечни кавги околу тоа што е чија обврска.

Разумната љубов не е исполнета со страст, но ветува стабилност и трајност.

Постојат и љубители на емоционални авантури, луѓе кои сакаат нешто исклучително и големо, но само за кратко. Кога тогаш излетниците се враќаат на вообичаениот животен ритам, иако се случува таквата љубов да прерасне во нешто чврсто вистинско.

Разумната љубов не е исполнета со страст, но трае.

Исто така и страста која одеднаш се појавила може да се претвори во пријателство за цел живот.

Се среќава ретко и предизвикува завист од околината. Тоа е оној тип на односи кога двајца луѓе ќе станат едно. Нивното меѓусебно разбирање и продирање во мислите и чувствата на партнерот достигнуваат таков степен што често се случува жената да ја заврши мислата на мажот и обратно. И ваков тип на љубов, се гради со трпение и не доаѓа смо од себе, преку ноќ.

Напиши коментар