After Midnight

Нема совршена љубов! Само вистинска!

Колку денови, месеци, години си поминал во чекање на совршената љубов? Си ја сретнал вистинската личност, или пак не, но сте се разминале бидејќи не било доволно, не било ништо, иако било многу? Вистината е дека никогаш не можеш да имаш се. Вистината е дека нема совршена љубов, само вистинска! Ако сеуште се прашуваш дали да ја затвориш и таа врата, прочитај го ова… потоа решавај!

“Не барај совршенство во љубовта, зошто ќе умреш без љубов! Најди и засакај нешто обично и направи го совршено!

Има љубов, која не ја забележуваш, бидејќи таа е толку студена, што не би можела да се промени ако некој не и подаде рака.

Има љубов која прснува како торнадо и по неа остануваат само скршени соништа и остатоци од нејзиното постоење.

Има љубов, која се двоуми дали да го помине прагот на сегашноста и понекогаш го прави тоа, а друг пат останува во иднината… многу често засекогаш…

Постои, сепак и такава љубов, која без разлика дали ќе се случи или не, ги менува сознанијата, ги руши ѕидовите, прави чудо по чудо.

Таа љубов понекогаш пеколно боли, а друг пат ти е воздишка од среќа, понекогаш те води, а друг пат е слепа, понекогаш те убива за да те воскресне или да те погуби засекогаш.

Таквата љубов не можеш да ја предизвикаш, ниту пак да ја бараш или да ја пренебрегнеш. Неможеш да ја пропуштиш крај себе незабележано…

Кога ќе се случи ти просто знаеш, дека тоа е ТАА… знаеш дека животот ти тргнува по нов коловоз – знаеш дека ништо нема да е како порано… знаеш дека дури и самиот ти нема веќе да си ист…

Тоа е вистинската љубов – онаа, која останува дури евентуално да си отиде некој ден – останува во некои од пукнатините на срцето и меланхолично потсетува за себе.

Останува во погледот и ти влага во очите, останува во соништата ноќе и дење. Останува истовремено во минатото, сегашноста и иднината. Бидејќи само таа го умее тоа…”

Write A Comment