Доколку не научите сами да се грижите за себе и сами себе да се направите среќни, никогаш нема да бидете задоволни во животот. Најглупавата работа која можете да ја очекувате од партнерот е да ве усреќи. Затоа секогаш ствајте се себе си на прво место. Не ја жртвувајте својата среќа.
Кога за прв пат ќе се почувствувате лошо поради него, оставете го. Зошто би го трошеле времето на некого кој полека ќе ја спушта вашата самодоверба. Често сме сигурни дека би ја прекинале врската само доколку еднаш дигне рака на нас, а спремни сме да трпиме и најголеми навреди. Лошиот збор е тежок и боли подеднакво како и шамарот.
Доколку не ги почитува ветувањата, не ве заслужува. Очигледно е дека не сте му доволно важни, да би го одржал ветувањето.
Никогаш не пробувајте да бидете она што не сте. Доколку не е среќен со вас какви што сте, тогаш е очигледно дека тој не е за вас. Треба да пронајдете некој кој ќе знае да го извлече од вас она најдоброто, а не да ве обликува према своите критеријуми.