Free zone

Ореви за потенција! Озбилни сме!

Малку ореви би можеле да влијаат многу позитивно на твојата машкост, озбилно! Со други зборови, ако сакаш да си ја зголемиш плодноста, јади повеќе ореви.

Американски експерти замолиле група мажи во своите 20-ти и 30-ти години да јадат по 75 гр ореви секојдневно во продолжение од три месеци. Во споредба со групата мажи кои не јаделе воопшто, тие успеале да ја зголемат количината и квалитетот на спермата, што потенцијално им дава подобри шанси да станат татковци.

Експертите од универзитетот во Калифорнија ги избрале оревите зошто тие се голем извор на полинезаситени масни киселини. Тие се богати со омега 3 и омега 6 масни киселини, кои ги среќаваме и во рибата, кои се полезни за развојот и функциите на спермата, но во голем степен отсуствуваат од западниот режим на исхрана.

Напиши коментар