After Midnight

Откријте какво љубовно животно сте вие?!

Доколку се прашувате зошто никогаш не сте ја запознале личноста која ќе ви се допадне или како да ја пронајдете љубовта кога сте постојано на работа, британскиот психолог Дејвид Холмс дефинирал пет типови на личности по начинот на кој ја бараат љубовта и влегуваат во врска.

Пчеличка – Најчесто шета низ големите градови, секогаш е зафатена со работа и нема враме за врски.

Пребирлива панда – Перфекциониста кому му треба дополнителен поттик за да излезе од својата зона на удобност. Откако тоа ќе го направи можеби ќе дојде до заклучок дека сепак и за него постои совршена личност. “Пребирливите панди често поминуваат време уживајќи сами и многу се внимателни при избирање на партнерот”, тврди Холмс.

Човековиот најдобар пријател – Ведри и разиграни, овие типови сакаат внимание, често имаат многу пријатели, верни се на својот тим, но се плашат да го напуштат и да го посветат времето само на една личност.

Ноќна птица – Сака забави, но нивната свеќа гори од двата краја, па имаат малку време за излегување со партнерот.

Морско куче – многу честа врста помеѓу мажите: веруваат дека се премногу “кул” за да се смират. Тешко ја пронаоѓаат личноста со која можат да бидат среќни.

 

 

Write A Comment