Celebrity

Парис Хилтон го прослави појавувањето на својот нов сингл “Good Time”

32-годишната Парис Хилтон го прослави појавувањето на својот нов сингл “Good Time” на соодветен начин со своите пријатели во ресторанот RiverBella, по што забавата продолжи во еден ноќен клуб, каде и се приклучи и Snoop Dogg.

“Good Time” e првиот сингл од претстојниот албум на амбициозната ѕвезда. Во новото видео Парис го покажува своето секси емитување и цврста фигура. Во песната на Парис Хилтон гостува и раперот Lil Wayne, кој учествува и во самото видео. Познатата парти девојка го издаде својот деби албум во 2006 година. Во очекување сме да го објави целиот хаус албум до крајот на годината.

 

Write A Comment