After Midnight

Пет очигледни знакови дека претерувате со љубомора

Велата дека љубомората е знак дека некој ни значи. Иако во врската е потребна мала доза на љубомора за да биде поинтересно, понекогаш ја има премногу.

Панично гледате во неговиот мобилен телефон

Секоја порака, секое јавување, секој пат кога тој ќе погледне во екранот од својот мобилен за вас представува стрес и имате чувство дека нешто крие од вас. Вакво параноично однесување, никому не му е од корист.

Ве вознемирува неговото комуницирање на друштвените мрежи

Доколку се допишува со девојки и им дава сигнали дека не е зафатен, би требало да се загрижите, но доколку станува збор за невина комуникација со своите пријатели и пријателки, а вие сеедно му висите на врат, во него ќе развиете чувство дека тоа мора да го крие, па работите ќе станат многу полоши.

Го шпиунирате

Сакате да ви ја каже својата точна локација, и често проверувате каде оди кога ќе ви каже дека оди на кафе? Дури и да го дознаете дека ве лажел, тој секогаш може да ве оптужи дека сте луди бидејќи го пратите. Шпиунирањето нема да да го реши проблемот.

Се плашите од нови луѓе

Запознавањето на нови луѓе за среќните парови е забавно, но доколку некој во врската е љубоморен, секоја нова личност која ќе ја запознаете ќе биде потенцијална опасност. Секако дека понекогаш се случува девојката што ќе ја запознаете да флертува со вашето момче, но за тоа не е крив тој.

Истражувате

Неговиот паричник, мобилен телефон и меил се најинтересните места на светот за вас. Тоа не добро бидејќи дури и да не пронајдете ништо, ќе се сомневате дека ги избришал доказите.

Напиши коментар