After Midnight

По што се познава мажот говедо?

Мажот говедо припаѓа на еден посебен вид едноклеточни организми, чие постоење зависи од три работи: гравот, лебот и…спиењето. Mногумина научници веруваат дека мажот говедо е срушен експеримент на вонземјаните, но ние сме повеќе склони да веруваме дека е продукт на пијана оргија меѓу Минотаурот, Кентаурот и кравата Милка.

Од каде произлегол овој прост организам сепак не е толку важно, поважно е да избегнуваме односи со него. А, за да ги избегнеме треба да знаеме да го распознаваме од далеку. Еве по што се познава мажот говедо.

Мажот говедо може да се определи и како типичен селски бег. Тој е бучен, испотен, гелосан, носи папучи со отворено прстче и кошула на D & G, а љубовта на неговиот живот е овековечена на избледен постер од српско списание на вратата од неговиот плакар.

Но мажот говедо може и да е паметен! Не е исклучено дури и да е маскиран како успешен бизнисмен со префинети манири. Ќе го препознаете по тоа што тој знае се, секогаш е во право, дури и кога греши.

Владее со странските јазици, бидејќи берел овошје 1-2 години во Шпанија, Португалија или Грција. Одлучил да се врати дома, затоа што е патриот и сака да биде корисен за својата татковина.

Денот му поминува во пишување на злобни коментари на Facebook, кои се однесуваат најчесто на културата на жените, визијата и нивниот интелект.

Мажот говедо го смета секој кој не изневерува за папучар. Тој верува дека жените се создадени за еднократна употреба, исто како слафетките во дискотека. Два пати би уживал со некоја, само ако прави добра мусака.

Мажот говедо е апсолутно убеден дека одлуката на секој проблем лежи во два литри пиво и една долга псовка. Секогаш е подготвен на борба, за да си го заштити достоинството. Без разлика дали со маж, жена, дете или животно. Всушност мажот говедо не сака животни, освен ако не се борбени кучиња..

 

Write A Comment