After Midnight

По што се познава совршениот љубовник?

Сексот никогаш не бил приоритет во животот на жените! За нас на прво место се чувствата, а кога ги има, склони сме да направиме доста компромиси. Вклучително и во кревет. Вистината сепак е дека вистинскиот маж, оној кој заслужува да му се оддадеме целосно, никогаш не би и дозволил на жената до себе да прави компромиси… Особено во сексот!

Вистинскиот маж не брза да ги соблече панталоните. Тој ќе ве прегрнува, ќе ве бакнува и за никаде нема да брза. Ќе ве натера да се почувствувате како Единствена и ќе чека трпеливо, кога сте подготвени и кога треперите од нетрпение сама да ја соблечете неговата облека.

Вистинскиот маж никогаш не прави 30-секундна француска љубов. Тој доживува вистинско задоволство да ве бакнува таму долу и да ја чувствува вашата возбуда.

Вистинскиот маж не настојува за фелацио. Не ви ја насочува главата надолу, ниту пак ве кани со гестови. Тој одлично знае колку навредливо и понижувачко е тоа за една жена. Нема да ги наметнува своите желби, туку ќе стори се за да ги задоволи вашите.

Вистинскиот маж знае дека за да добие секс, не е потребно да плати вечера од 6000 денари. Тој ќе ве слуша внимателно и во вашите зборови ќе го бара она што одамна ви недостасува, за да ви го даде. Вистинскиот маж акцентот го става на гестовите и вниманието кои не се мерат со пари.

Вистинскиот маж ја предупредува жената дека оргазмот му се приближува. Тој ќе направи се за да ве почека, а кога кулминациониот момент за него ќе наближи, ќе ви шепне нежно на увото.

После секс, вистинскиот маж, не брза да ја посети бањата. Се обидува да остане буден и да ја гушка силно жената до себе, без разлика дали ја познава со години, месеци или денови.

Како што рековме, вистинскиот маж, не би дозволил да правите компромиси во сексот. НИкогаш!

Write A Comment