Има една категорија жени, наречени со не особено пријатен збор “кучки”, кои се чини дека се претвораат во пример за силна и независна жена. Што всушност е доста далеку од вистината! И за да не се дозволат слични апсурди, решив да ве запознаам со карактеристиките на типичната “кучка”. Сами ќе се уверите дека тоа воопшто не е модел за имитирање, ниту пак титула, која се носи со гордост.
Таа е егоцентрична
Единствениот човек за кого се интересира, е самата таа. Сите останати се не се добри. “Кучката” не знае што е саможртва, ниту пак пријателство. Од неа воопшто не очекувајте некоја благодарност.
Таа е критична
И тоа на злобен начин. Речиси е невозможно да чуеш пофалби од нејзина страна. Освен тоа, се нешто не и одговара. На тој начин таа ги манипулира мажите во својот живот. Ја уништува нивната самодоверба и ги прави зависни.
Таа очекува да се однесуваат со неа како принцеза
Ама буквално! Сите и се дворски слуги, кои треба да се во подготвеност на секој нејзин каприц.
Таа ги понижува луѓето
Тоа и е нешто како хоби. Таа сака да лаже. Јазикот и е доста злобен. Не се срами да понижува јавно, дури и оние кои згрешиле да ја сакаат.
Таа го попречува вашиот развој
Типичната кучка нема никогаш да ви дозволи да постигнете нешто повеќе во животот. На неа и е удобно да сте послушно кутре, кое е најдобро да има богати родители.
Таа е се друго, освен силна и независна жена
Иако личи на таква, вистината е дека нејзината моќ и самодоверба се држат единствено во понижувањето на другите. Таа располага со евтини манипулации, кои имаат успех само додека луѓето околу неа се уште добронамерни и наивни.

1 Comment
zatoa vie naivnitee ke si patite cel zivot i od site maski ke bidete zaebani osven od nekoi mulinja…