After Midnight

Правила за вистинска и стабилна врска

Вљубувањето е нешто прекрасно. Љубовта е волшебсво. Но за да прерасне во убава и стабилна врска, има некои правила. Еве какви….

БИДЕТЕ САМИ!

Тое најважното правило на успешните врски! Ако сакате да градите вистински однодси,само ќе треба да бидете реални. Престрашете се да ги покажете недостатоците, бидете искрени, спонтани, природни… ако тој не го цени тоа, значи не е вашиот човек. И убавото е што ќе дознаете на време! А и, девојки, само така можете да бидете Единствена за некого!

ИМАЈТЕ ЛИЧЕН ПРОСТОР!

Чувството на слобода во односите помеѓу двајца луѓе е непроценливо! Секој треба да има време за себе. Тоа е сосема нормално и ќе ви ги направи заедничките моменти уште послатки.

ПРЕВЗЕМЕТЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА СОПСТВЕНИТЕ ПРОБЛЕМИ!

Мажот на една жена треба да и биде поддршка, но не и средство за решавање на нејзините проблеми. Тие се само ваши, девојки! И најдобро не го инволвирајте партнерот во семејните проблеми кои дирекно не го засегаат. Вие исто така не се мешајте во работи кои не се ваша работа. Со други зборови, нека личните проблеми не се претворат  во општи. Нема ништо лошо во тоа да побарате помош и поддршка, но треба да сте свесни дека само вие можете да ги решите вашите проблеми најдобро.

СПОДЕЛЕТЕ

Тоа е исклучително важно! Никој не може да ги чита мислите на другиот и затоа не очекувајте дека партнерот ќе ве разбере, без да сте споделиле нешто. Не го трупајте незадоволството во себе. Кажете спокојно што имате и пронајдете го вистинскиот момент да поразговарате.

 

 

Напиши коментар