After Midnight

Правилата на љубовта

Од секогаш сум верувала дека за да можеш вистински да сакаш друг човек, мора прво да научиш да се сакаш себе си. Тоа вклулчува и да се почитуваш како личност, но и да умееш да ги цениш другите. Да имаш самодоверба, но не да си надмен. Да можеш да правиш компромиси, но не и да ги потчинуваш своите принципи. Или накратко – да ја најдеш онаа златна средина, која ќе ве прави тебе и саканиот среќни. И затоа решив да ви кажам неколку интересни правила на љубовта, на кои секој од нас треба да се замисли.

Секој заслужува почит и љубов! Но освен да добива, треба да научи и да дава. Инаку, порано или подоцна ќе остане сам.

Доколку дозволите партнерот да ве навредува и да се однесува лошо со вас, бидете сигурни дека тоа нема да престане…

Никогаш не разговарајте и не се карајте за лични проблеми пред други луѓе.

Бидете сочувствителни и проштевјате! Само не и по цена на вашата самодоверба. Но не ја мешајте гордоста со самодовербата!

Нема како да добиете повеќе од она што сте подготвени да го добиете.

Контролата над зборовите е контрола над разумот.

Романтиката не е само во филмовите. Таа треба да биде дел од вашата врска. Сакајте се и покажувајте љубов секој ден.

Понекогаш мала белешка на перницата значи многу повеќе од возбудливо патување во Париз.

Не се срами од своите чувства. Тие не се манифестација на слабост, туку начин да се изразиш себеси.

Никогаш не бидете само со еден човек затоа што се плашите да останете сами, или пак ви е жал да го оставите. Така го губите и вашето, и неговото време.

Само љубовта понекогаш не е доволна, за да бидете среќни!

Научете да зборувате. Ако ви е тешко лице в лице, напишете порака. Има зборови кои тешко се кажуваат, но пак лесно се пишуваат…

 

Напиши коментар