After Midnight

Правилата на современата жена

Ако некогаш било важно жената да се зачува девствена за првата брачна коќ и да биде цел живот сопруга и мајка за пример, работите денес се сосема различни. Вредностите се убава работа, но со времето се менуваат и тие.

Нема ништо лошо во тоа да имаш 22, 32 или 42 години и да не знаеш сеуште што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш.

Научи сама да си ги заработуваш парите. Само така ќе можеш да ги трошиш кога ти сакаш и за што ти сакаш, без да ја изгубиш својата независност.

Никогаш не си го губи времето со мажи кои: зборуваат премногу, а не прават ништо, мажи кои се зависни од своите родители, мажи што прават да се чувствуваш помалку вредна, мажи што емотивно или физички те повредиле.

Стој подалеку од луѓе кои постојано се натпреваруваат со тебе или те критикуваат. Биди со оние кои навистина ти мислат добро и се радуваат на твојот успех искрено.

Каков и избор да направиш, не срами се! Тој секогаш ќе те научи на нешто полезно.

Смело бакнувај ги жабите по твојот пат. Само така ќе го откриеш принцот.

Не си дозволувај да живееш во минатото. Тоа никогаш нема да се врати, а ти губиш драгоцено време.

Чоколадата е највкусна после фитнес!

Пријателките не се она што беа. Биди спремна за предавства и разочарување.

Живеј го животот само поради тебе самата! Не поради родителите, не поради партнерот, пријателите па дури ни децата.

Секогаш стреми се кон баланс. Премногу забава или премногу работа никогаш не водат кон нешто добро!

Твојот сексапил и твојата убавина зависат само и единствено од тебе!

Нема ништо лошо во тоа да си сама, да имаш секс за една ноќ или пак да не брзаш за брак и деца.

Луѓето секогаш ќе зборуваат! Затоа прави ги работите онака како што ти ги чувствуваш без да се сообразуваш многу, многу со туѓото мислење.

Без разлика колку години имаш никогаш не го губи детето во себе.

Единствениот маж за кој вреди да жртвуваш се е синот што го имаш или ќе го имаш!

Напиши коментар