After Midnight

Пред да ја изагубите невиноста, прочитајте го ова!

Правилото на животот дека некои работи не ги дознаваш се до моментот кога тие ти се неопходи, туку многу подоцна, исто така важи и за сексот. Дури и кога на тоа ќе го додадете и фактот дека за многу луѓе, сексот се уште е табу тема,се појавува широк јаз во знаењето кое го попречува влегувањето во интимните односи. Особено жените, ги мачат многу дилеми во врска со невиноста и нејзината губење, така што сите дополнителни информации во врска со овој чин се добредојдени.

Искусните жени го знаат ова, со оглед на тоа дека тие веќе го поминале. Затоа одлучија да проговорат за сексот и за сето она што и самите сакале да го чујат пред да влезат во светот на возрасните. Факт е дека од искуството на другите некои работи не може да се научат, но овие информации сигурно ќе ви помогнат полесно да го сватите концептот на сексот, пред да го испробате неговиот сладок вкус.

Мажот нема секогаш поголем сексуален нагон од вас.

Имате право на секс со кого вие сакате и колку сакате. Заборавете ги правилата, единствено водете грижа околу заштитата.

Сексот е најубав со човекот што го сакате.

Жените смеат да уживаат во сексот исто колку и мажите.

Вистинскиот секс е сосем поинаков од порно.

Не сте повредни како личност, ако некој сака секс со вас, ниту сте помалку вредни, ако некој не сака.

Откриете што ви одговара и побарајте го тоа, затоа што вашиот партнер нема моќ да ги прочита вашите мисли.

Слободно кажете “не”, бидејќи тоа нема да значи дека сте помалку секси.

Темелот на одличен секс е взаемно давање.

Од 50 до 70 проценти од жените не постигнуваат оргазам без клиторична стимулација.

Однапред одредете како ќе се заштитите од несакана бременост и сексуално преносливи болести.

Фантастичниот секс не значи дека е во прашање голема љубов.

Нормално е да имате сомнежи и стравови поврзани со сексот, токму затоа се препорачува да зборувате за него.

Добриот секс бара пракса и искуство, исто како и се во животот.

Сексот може да биде и многу непријатен.

Сексот не мора да биде најдобар на 20 години, може да биде најдобар и на 50.

 

Write A Comment