After Midnight

Профилот на идеаниот маж

Ако идеалниот маж еден ден одлучи дека сака да ја бара својата голема љубов на сајт за познанства, тогаш неговиот профил треба да изгледа вака.

Не сум женет, не сум разведен, немам деца. Милионер сум.

При тоа сум дарежлив. Многу! Немам ништо протв да трошам пари за да ти купувам облека, накит, парфеми. Се ќе ти купувам!

Ги сакам животните.

Никогаш не ги расфрлам чорапите и не хрчам!

Подготвен сум да се оженам. Уште сега! Ќе ги сносам сите семејни обврски, ќе ти обезбедам дом и ќе се погрижам за твоите роднини.

Верен сум. Ниту една жена, различна од мојата, не е во состојба да ме возбуди.

Не пушам, не пијам алкохол и имам вродена неподносливост кон спортските емисии!

Ќе го игнорирам секој мој пријател, кого не го сакаш. Или подобро кажано ќе ги игнорирам сите. За што ми се, кога те имам тебе!

Со мојот сексуален темперамент можам да станам порно ѕвезда. Но, како што реков, имам секс само со жената што ја сакам.

Не ми е гајле како изгледа! Воопшто! За мене е важна внатрешната убавина.

Моето хоби е да готвам, перам и чистам. Тоа ме исполнува!

Ќе ти кажувам “те сакам” барем 10 пати на ден. И секогаш ќе биде искрено. Ако случајно пропуштам, ќе ти купам скап подарок за извинување.

Сакам да имам деца. Немам трпение да станам родител. Ќе се грижам за нив, ќе менувам пелени, ќе станувам ноќе, за да можеш ти да спиеш. Твојата среќа и смиреност се моите највисоки цели.

Ќе ми биде драго кога мајка ти ќе ни доаѓа на гости. Дури ќе се погрижам тоа да биде често. Сепак таа е жената која ја родила и одгледала мојата принцеза.

Ќе те слушам внимателно и ќе ја ценам твојата емоционалност. Таа те прави толку нежна и женствена!

Па, имам и недостатоци. Понекогаш ја оставам празната кутија од млеко во фрижидерот, има денови во кои поспивам повеќе.

Но мојот најголем недостаток е тоа што не постојам…

Write A Comment