After Midnight

Проверени начини да не ве откачи после првиот состанок

Применете ги овие цаки следниот пат кога ќе излезете со момчето со кое би сакале повеќе од едно излегување…

ОХРАБРЕТЕ ГО

Пред да се разделите, кажете му нешто како “Баш ми беше убаво вечерва”. Многу се поголеми шансите момчето повторно да ве повика да излезете доколку му дадете некој јасен знак дека сте заинтересирани.

ЗНАЈТЕ КАКО ДА ЗАЌУТИТЕ

Живееме во “признај се”  култура во која стана нормално секому да му кажеш се. Меѓутоа на првиот состанок момчињата се осетливи на неколку теми кои на нив навистина делуваат како ладен туш. На пример: било што во врска со личната хигиена, причините за раскинување на претходната врска, комплекси кои се однесуваат на вашиот физички изглед, проблеми на работа.

НЕ УЛЕТУВАЈТЕ ОДМА ВО КРЕВЕТ

Тој веројатно ќе се потруди да ја оствари таа намера, но повеќето од момчињата преферираат девојката да ги натера да чекаат повеќе од еден состанок. Работата е во тоа што мажите сакаат предизвици, па дадете им можност да се потрудат да ве освојат.

НАТЕРАЈТЕ ГО ДА СЕ ПОТРУДИ ОКОЛУ ВАС

Секако дека сакате повторно да го видите, но немојте да му стоите на располагање за маратонска размена на пораки. Така му праќате порака дека покрај оваа потенцијалана романса вие имате свој живот… а мажите тоа го сакаат.

Напиши коментар