Free zone

Провери дали можеби веќе си стар за некои работи:)

1. Во 6 часот утрото веќе си станал.

2. Твоите пријатели се “женат и разведуваат”, наместо да се “фаќаат и раскинуваат”.

3. Кон тебе потполно сериозно се обраќаат веќе со “Вие”.

4. Излегуваш од дома со чадор, кој никаде не го забораваш.

5. 90% од времето што го поминуваш пред компјутер, работиш.

6. Музичките канали веќе не ти се омилени.

7. Нови фармерки и маица – веќе не значат “да се биде добро облечен”.

8. Вечера и кино – тоа е целото поминување на вечерта, а не само почеток.

9. Веќе не знаеш во колку часот затвора омилениот ноќен клуб.

10. Јадеш во “Мекдоналдс” само на паузата за ручек.

11. Да имаш секс надвор од спалната ти изгледа смешно.

12. Во аптека купувате аспирин и лекарства за варење на храната наместо кондоми и тестови за бременост.

13. Во фрижидерот има повеќе храна отколку пиво.

14. Постарите роднини веќе не се срамат да зборуваат непристојни шеги во твое присуство.

15. Ѕвониш во полицијата ако твоите млади соседи после полноќ ја слушаат “онаа ужасна музика”.

16. Размислуваш околу тоа што ќе правиш после 2 месеци.

17. Цвеќињата во твојот стан не венеат.

18. Чистењето дома станува нешто не помалку важно од миењето на автомобилот.

19.  Продолжуваш да ја препрочитуваш оваа листа, внимателно барајќи нешто што не се однесува на тебе.

Напиши коментар