“Вие секако сте биле заљубени, зарем не? И тоа повќе пати, дали сум во право? Но се уште не знаете што е тоа љубов. Не знаете, ви тврдам! Ви се случило да плачете цела вечер? И цел месец лошо да спиете? Можеби сте пишувале песни и по малку сте си играле со идејата за самоубиство? Секако, знам како е тоа. Но тоа не е љубов, љубовта е нешто друго… “ Хесе
Седев со мојата пријателка, пиевме кафе и разговаравме за најновите случувања, за положените испити и секако ниедно кафе неможе да помине без темата ЉУБОВ. Се сложивме дека љубовта е единствената категорија која не ја учиме со искуството. Баш напротив, колку повеќе старееме толку повеќе не збунува. А кои се основните работи кои секогаш одново и одново ги забораваме?
Прво и основно, мораш да знаеш колку вредиш. Запомни го правилото доколку ти не си задоволна со самата себе, ни личноста покрај тебе нема да биде задоволна. Биди самосвесна, јака и повторувај дека ти си најголемата потпора на самата себе. Имај стандарди, барај го својот принц, биди истрајна, се работи за твојата среќа и твојот живот… не постои алтернатива… никогаш не се откажувај како што Коељо би рекол:
“На светот секогаш постои една личност која ја чека онаа другата, било да е на сред пустина или во среде некој голем град. А кога тие две личности ќе се сретнат и нивните погледи ќе се вкрстат, сето минато и сета иднина го губат своето значење. Постои само тој миг и таа неверојатна сигурност дека сите работи под сонцето ги напишала една рака, раката која створила по една душа близначка за секоја личност и која во нив разбудила љубов без која ниеден сон на човечката раса не би имал смисол!”
Запомни, не е поентата да најдеш некого за да играте мачка и глушец, туку некој со кого ти ќе бидеш ти, без глума… колку време ќе помине додека не се умориш од играта?
Не се залажувај дека можеш да го промениш, ЗАТОА ШТО НЕМОЖЕШ… Оние лоши страни кои ќе ги видиш во првите три месеци, тоа е тоа. Како времето поминува станува се полошо, а само ти одлучуваш да ли ќе го трошиш времето некого да промениш или ќе продолжиш понатаму по својот пат.
Во врката трба да се трудиме ( да не се лажеме) … Обиди се да градиш добра комуникација. Запомни, важни се и твоите сништа и твоите планови, НЕМОЈ ДА ЗАБОРАВИШ НА СЕБЕ ПОРАДИ НЕГО. Ниту една врска не е толку важна да се изгубиш самата себе поради тоа.