After Midnight

Разбиете го еднобразието во вашиот живот

Да ли негогаш сте имале чувство дека стоите на едно место, а во животот ви владее еднобразие? Како да се справите со зидовите кои ве заградуваат и да бидете спонтани? Престанете да мислите толку и дејствувајте! Често поради своите колебања ги испуштате моментите, за кои подоцна жалите.

Излезете од дома и одете до најблиската железничка/автобуска станица. Погледнете ја информативната табла со редот на поаѓање на возовите и купете билет за следниот. Не е важно да ли ќе патувате до некое убаво село, до голем град или на море. Бидете слободни како ветерот и не плашете се од  неизвесното.

На почетокот ќе ви биде чудно да бидете сами, но подоцна ќе се навикнете.

Чувствувате ли веќе возбуда од неизвесното? Зарем не сакате да бидете слободни како птиците на небото? Не плашете се, живејте! Грбнете го со отворени раце сето она што животот ви го нуди, за да не жалите подоцна. И не заборавајте- никогаш не е доцна да почнете од почеток! Едноставно направете го првиот чекор, вториот ќе биде полесен, а третиот ќе дојде сам по себе.

Напиши коментар