Celebrity

Ријана и Шакира подготвуваат дует

Пејачката од Барбадос,Ријана го следи примерот на суперѕвездата Бијонсе и сними дует со колумбиската пејачка Шакира. Веста за нивната соработка доаѓа од раперот Пит Бул. Тој вели дека сакал да соработува со Ријана но таа веќе работела во студио со Шакира. Поради таа причина Пит Бул снимил хит заедно со Киша. “Ријана беше првиот изведувач, со кого сакав да соработувам, но поради нејзината соработка со Шакира, таа не беше во можност да учествува во мојот проект”, вели Пит Бул.

 

Се очекува дуетот на Ријана и Шакира да биде вклучен во наредниот албум на колумбиската пејачка. Плодот на заедничката соработка помеѓу Бијонсе и Шакира – песната “Beautiful Liar”, стана еден од најголемите поп хитови во 2007 година, пренесоа агенциите.

Write A Comment