After Midnight

Рок на употреба на една љубов

Знаете ли што останува по една голема љубов? Да, многу добро знаете, бидејќи и јас и вие имаме исто минато. Сите го имаме. Откако ви мина гневот од финалниот скандал, по кој се разделивте почнавте да си ги споменувате најубавите моменти заедно. И да страдате за нив. И да си мислите колку неподносливо тажно е дека овие моменти не само што нема да се повторат, но и не ви предстојат  никакви други убави моменти со тој човек. А вие сте ги очекувале, сте ги планирале и сте си го замислувале животот со него. Зошто?

Љубовта е можно најкраткотрајното човечко чувство. Љубовта е со најкраток можен рок на траење, но во денешниот свет таа е производ, бренд во пакување кој ве лаже дека ќе трае вечно. И вие верувате во оваа платена реклама. И знаете ли што е најтажно-дека измамени од рекламата вие не успевате да го конзумирате производот правилно. А за капак дури и не можете да направите рекламација.

Вистината е дека сами сте си виновни, бидејќи го отварате производот и го третирате како да нема рок на траење. Како да секогаш ќе биде во ваши раце и често дури и не правите напори да ја задржи неговата состојба, како што беше во почетокот на отпакувањето. Вашите таинствени планови се поврзани со очекувањето да ја поседувате оваа љубов безрезервно до крај. И кога тоа нема да успее, се разочарувате.

А сега замислете дека љубовта која ја имате има рок на траење до следниот вторник. Замислете дека можете да ја имате целосно, во најубавата нејзина форма, но до вторник. Што ќе направите? Ќе се поместите од страв дека во среда ќе останете со празни раце или ќе го земете максимумот од неа без да мислите на следниот ден? Најдоброто што можете да го направите е да оставите да бидете сакани без игрички, без страв, без сомневање, без его. Немате време за нив. Имате време што треба да го искористите на најдобар можен начин.

Замислете дека времето ви е крајно ограничено и за да имате среќа во вашите раце, треба да си ја земете тука и сега. Живејте како вторникот да е премногу блиску за да ви дојде времето да доживеете се, а средата е премногу далеку за да мислите на крајот. А ако се создаде нешто вистинско во оваа недела, бидете спокојни- тогаш ќе најдете начин да го продолжите рокот на траење.

 

Напиши коментар