After Midnight

Сакате подобар секс?

Вклучете се во орално задоволство – но не од тој тип. Зборуваме за стариот начин на орално задоволство, разговор меѓу партнерите. Ако двојките не зборуваат и не го доловуваат сексот со чувство за игра, врската ќе им премине во обична рутина. Мозокот е најголемиот секс орган кај човекот, затоа ветете си неколку пати во неделата по 15 минути да поминувате лежејќи на перница без телевизор, компјутер и телефон. Искористете го ова време за да разговарате за вашите фантазии, желби и романтични моменти. Колку повеќе се отварате еден кон друг, толку повеќе ќе можете заедно да го кажувате големото “ахххх“ во кревет.
Јога како предигра
Може и да не се вклопат јога часовите во вашиот презафатен распоред, но затоа земете длабок здив, научете пар вежби и истите изведувајте ги пред вашиот партнер, како врвен афродизијак за вас и за него. Новата наука покажува дека за жената да се вклучи во сексот, треба да ги исклучи другите делови од својот мозок. Деловите од мозокот кои се активирани од стрес, мора да се деактивираат преку релаксација, а јогата е најдобриот начин за да се постигне тоа.
Практикувајте секси смс пораки
Испратете секси порака на вашиот партнер додека тој е на работа. Овој начин ќе ви обезбеди постојана смисла за забава, доверба и разиграност. Тоа ќе ве доведе до возбуда и физичка конекција. Вашето секојдневие, на пример туширањето, претворете го во една еротска приказна и ќе видите дека тоа може да ве доведе до вистинско уживање, кога тој ќе се појави дома на вратата.
Еротски цртани?!
Кој рече дека цртаните се само за деца? Не, не се. Всушност, постои свет на цртани каде што нема да ги најдете Дизни или Никелодеон. Хентаи или еротски цртан е голем, а помалку интензивен вовед во вистинските нешта во креветот. Понекогаш малку еротика може многу лесно да ги започне работите, а овој начин е вистинска новина и стимулација која ќе произведе пријатен неврохемиски коктел, што може да ве направи будни цела ноќ.
Замена
Еден начин да се излезе од рутината во спалната соба е да се опфатат неискористените места во вашиот дом. Префрлувањето на анонимно место за секс во домот, ќе ви ја развие фантазијата и ќе ве релаксира. Надвор од секојдневните поставувања, опуштете се и направете ваше сценарио во кујната, дворот или задните седишта на вашиот автомобил.
Користете ја светлината
Ги претпочитате светлата загушени или исклучени кога станува збор за секс? Чувајте ги вашите наметки на темнината, но преземете некои нови шанси без чувство на преголема изложеност. Се што ви е потребно е малку инспирација од Стар Трек.

Напиши коментар