After Midnight

Само секс или нешто повеќе???

Колку лесно би било ако уште во почетокот можевме да знаеме дека имаме работа не со вистинскиот човек. Ќе се поштедевме од многу нерви, болка и време нели? Но имаме добра вест за вас  – има како да препознаеш за што станува збор. Треба само да ги следите првите предупредувачки знаци кои категорично ќе ви покажат дека не сте со вистинскиот човек.

Често ги одложува состаноците

Излегувате веќе неколку седмици а тој веќе одложил барем неколку договорени состаноци. Зошто го прави тоа? Толку ли е навистина зафатен или пак вие не сте му приоритет?

Не ви дига телефон

Ве бара после неколку часа откако сте го барале, а понекогаш сосема заборава да ве побара.

Ја избегнува темата за врска

Или пак дирекно ви вели дека во моментов не е спремен за сериозна врска. И во двата случаи не се надевајте дека ќе ги смените неговите намери или ќе се случи чудо и ќе се вљуби во вас. Само си го губите времето.

Ги избира пријателите пред вас

Често пати се случува да избере да излезе со своите пријатели наместо со вас. Што и не е многу лошо но јасно покажува дека не е особено заинтересиран за вас.

Зборува само за себе

Зборува претежно само за себе и не пропушта да се пофали за многуте бројки зад себе. Не се интересира ни за вашето минато ни за вашите идни намери. Не ве прашал елементарни работи како каква храна сакате, каква музика слушате, имате ли браќа, сестри…Отсуството на вакви тривијални прашања исто така е категоричен знак дека тој не ве перцепира сериозно.

Не направил ни еден мил гест

Како на пример да ви подари цвет или да ве однесе на романтична вечера. Вљубениот маж е многу мотивиран за вакви работи. Ако тој со кој се гледате не прави ништо слично, значи едноставно не е вљубен…

  • Секој прави грешки но животот не доаѓа со инструкции. Нели затоа се грешки, од нив да се поучиме…Често простуваме кога не треба… Често затвараме очи пред очигледното… Често дозволуваме повторно да не повредат… Често пати само малку ти фали за да кажеш ДОВОЛНО… Често несвесно повредуваме луѓе кои не заслужиле… Затоа почитувај ги вистинските луѓе околу тебе. Оние кои те сакаат таков каков што си, оние кои ќе се до тебе кога ќе ги отвориш очите за реалноста! И не заборавај дека животот го поставува секого на местото што го заслужува!

Напиши коментар