After Midnight

Се што треба да знаете за клиторисот

За среќа во последниве неколку години експертите на ова анатомско подрачје му посветија поголемо внимание. Откриле дека она што ние го сметаме за клиторис  е само врв од ридот и дека нашата способност за доживување уживање е многу поголема отколку што сме очекувале.

Ова делче наречено клиторис е всушност главата од клиторисот или само надворешниот видлив дел од внатрешната структура. Тоа е слично како главата од пенисот со таа разлика што клиторисот е помал и затоа нервните завршетоци тука се побројни, што е причина да биде почувствителен од главата на пенисот. Со години не се сметал за функционален дел како пенисот па затоа научниците не го проучувале. Дури во 90-те години со помош на магнетна резонанса виделе што точно се случува и дека најголемиот дел од клиторисот е всушност внатрешна структура.

Главчето е споено со телото на клиторисот кое се наоѓа од двете страни на вагиналниот канал. Кога сте возбудени клиторисот се полни со крв и ве води до оргазам.

Како вие можете да ги искористите овие информации за да го подобрите сексуалниот живот? Најпрво, сваќањето на функцијата на клиторисот е клуч за да го искористите неговиот потенцијал во целост. Ќе доживеете поинтензивен оргазам ако клиторисот целосно се исполни со крв, па затоа дајте си повеќе време за загревање.

Напиши коментар