Враќањето на бившиот дечко е се почеста појава, но се поставува прашањето кои се причините за обновување на старите врски…
Прекинувањето на врската носи нов предизвик за прилагодување на новиот стил на живот. Исто така, животот ‘сингл’ често го пратат нови возбудувања, но и бројни разочарувања. Сепак, за многу девојки животот без партнер по прекинување на долга врска може да биде возбудлив предизвик. Се прашуваат какви нови искуства го очекуваат, кои се новите момци со кои ќе разменуваат емоции, како ќе изгледа нивниот сексуален живот… Кога ќе воведат нова промена во својот физички изглед, ќе ја скратат или обојат косата, направат потребен шопинг и повеќе се активираат во поглед на својот социјален живот, стекнуваат нови доживувања со новиот изглед и нов почеток, а тука незбежни се и возбудливите емотивни моменти. Или не…
Разочарување со новите искуства
Она што може да се случи, се 2-3 лоши искуства во кои новиот дечко кажува лоша работа или се покаже како лош љубовник…тука се појавува чувство дека она што сме го оставиле зад себе и не било толку лошо. Идејата за новиот почеток и возбудливиот сингл живот почнува да згаснува и се повеќе размислуваме да му се јавиме на бившиот. Краткото време кое го поминуваме со поранешниот партнер изгледа совршено, бидејќи сфаќаме дека тој и понатаму е единствената личност која не разбира. Сексот со него овој пат веројатно е подобар од претходно, бидејќи не го земаме здраво за готово, што обично се случува во долгите врски. Од друга страна тој е некој кој совршено го познава нашето тело, некој со кој ги имаме усовршено сексуалните техники, па со самото тоа сексот е многу подобар отколку со новите момци кои не не познаваат. Фактот што нашиот бивши добро не пзонава води до тоа работите да се одвиваат лесно, без одреден напор кој инаку мораме да го вложиме за да и се претставиме на новата личност, да се вклопиме во неговите/нејзините стандарди и да изградиме однос. Но, многу брзо се потсетуваме на причините поради кои и сме ја прекинале врската, се јавуваат низа разочарувања со кои се враќаме во концептот – возбудлив сингл живот, додека некое ново момче повторно не каже или направи погрешна работа или се покаже како лош љубовник…
Терапија страв од осаменост
Прекинот на врската не соочува со фактот дека остануваме сами и мораме да изградиме нова слика за себе која повеќе не вклучува заедница и однос кој сме го делеле со бившиот дечко. Стравот од ново и непознато, се она што не чека во новиот сингл статус, се обидуваме да го одложиме со тоа што одредено време, барем накратко, повторно се враќаме на бившиот дечко. Времето кое го минуваме со него, разговорот и сексот претставуваат некој вид на седатив против вознемиреност која со себе носи непознатост од она што не очекува по прекинот. Како да сакаме на некое време да заборавиме дека прекинот воопшто се случил и се враќаме на стариот живот. Средбата со бившиот не смирува и служи како терапија за страв од самотија.
Секс за одмазда
Сексот самиот по себе претставува емотивна размена и физичко узживање кое го делиме со друга личност. Во суштина тој самиот по себе претставува цел. Сепак, на жените понекогаш сексот им бил инструмент, односно средство да дојдат до нешто или на извесен начин да ја демонстрираат својата моќ. Доколку со поранешниот дечко сте се разделиле на лош начин, сексот со него може да биде средство да му докажете дека тоа можете да го направите и без емоции, дека тоа е само физичка работа и пореба и за вас не значи ништо. На кратко, сексот со бившиот кој го спроведувате така што го повикувате на полноќ, одите, забршувате работа и задоволно се подготвувате и заминувате дома, во основа може да има одмаздничка мотивација. Проблемот со ваквиот потег е одговорот на прашањето, Што си докажавте себе?! Осветата најчесто не докажува ништо повеќе од тоа дека таа личност сеуште ви значи.
