After Midnight

Сексапилот е привремен – добрината засекогаш!

Жените често се во заблуда дека мажите повеќе ја ценат убавината и интелектот. Всушност ова се позитивни квалитети но тие сосема не се најважните за силниот пол, дури не се ни во првата десетка, објасни експертот за врски и сексолог Трејси Кокс.

Според неа жените залудно си го трошат времето обидувајќи се да бидат икона за сексапил.

Неколку истражувања покажале дека емоционалната врска е многу посилна  за мажите отколку физичката. Повеќето жени живеат со погрешна идеа дека мажот бара перфектен надворешен изглед, голема самодоверба и интелект.

Во првата десетка најпосакувани женски квалитети влегуваат: на прво место добрината, благиот карактер, способноста жената да знае да сослуша, да влева доверба, да има смисла за хумор и да знае како да го расположи мажот. Ако мажот бара сериозна врска тој најпрво ќе ги побара овие квалитети во жената, независно колку килограми тежи и дали има идеална шминка и фризура.

Сочните гради и долгите нозе се фантазија за силниот пол но во периодот на бурниот ергенски живот, кога мажот се насладува на слободата и експериментите. Во покасна етепа од својот живот идеалните женски облини се заменети од добриот карактер и топлината на жената како човек, а не како секс симбол.

Напиши коментар