Еден од најпопуларните рапери на светот Кание Вест, во емисијата на Елен Џенерс го претстави новиот спот за песната “Bound 2”, а во него се појавува и неговата сопруга Ким Кардашијан, и тоа во ни малку наивно издание.
Режисер на овој спот е Ник Најт, а тој заедно со раперот се потрудил видеото на Кание да не остави никого рамнодушен. Раперот и неговата сопруга Ким Кардашијан, која од неодамна стана плавуша, се упатиле кон “Гранд кањонот” за да снимат жешки снецни на мотор.

Еден од соработниците во снимањето на спотот прокоментирал дека овој спот е вистинско олицетворение на уметноста, како и тоа дека Ким Кардашијан во него изгледа неверојатно секси. Погледнете како изгледа спотот.
http://www.youtube.com/watch?v=UPTZ01Tq_6w
