After Midnight

Сексот без оргазам е опасен за жените!

Според статистичките податоци, на еден просечен маж му се потребни околу 2 минути и 20 секунди за да постигне оргазам. Ех, да можеше и кај нас жените да е толку лесно и секогаш загарантирано! Нам сепак ни треба повеќе љубов, нежност, и многу внимание од негова страна.

Сето тоа понекоаш звучи како тежок планински премин, но ве уверуваме  заслужува! Всушност, сексот без оргазам може да се покаже како доста опасен. За жените, се разбира! Господата не го познаваат овој израз “без оргазам”.

Според лекарите, дамите кои не достигнуваат често оргазам или воопшто не го постигнуваат, можат да се соочат со голем број здравствени проблеми. Тоа води до различни депресивни состојби, постојана возбуда и дури и лудило.

Освен тоа, кога жената ќе се возбуди, нејзиното тело почнува да произведува поголемо количество естроген, кој доаѓа во крвта и се насочува кон репродуктивните органи. Сексот без оргазам води до застој на крвта и акумулација на супстанции кои се предуслов за различни воспаленија.

Затоа дами, многу е важно да се ослободите од своите грижи и инхибиции, за да уживате во сексот како што треба. Ако имате проблеми со достигнување на оргазам, тогаш решението не е да се затворите и да се откажете од телесните задоволства. Дури напротив! Пронајдтете причина за тоа и ако е потребно побарајте помош од специјалист. И запомнете дека какви и да се причините, секогаш има решение!

Напиши коментар