Celebrity

Шер се враќа на сцената по 12 годишна пауза

После 12 годишна пауза Шер се врати на музичката сцена со нова песна и видео клип. Песната е наречена Woman`s World, а клипот беше претставен деновиве. Макар што повеќе од десет години е далеку од музичките класации, пејачката сеуште не се откажала од страстта кон периките и покажа разнообразни впечатливи креации.

Како што може да се очекува од 67 годишната дива песната е во духот на денешницата и сигурно ќе го најде своето место на плејлистите спред британскиот Дејли Мејл.

Песната е првата од новиот албум на Шер кој ќе биде претставен официјално на 13 октомври насловен како Closer To The Truth.

Напиши коментар