After Midnight

Што бараат мажите во една жена?

Доколку сака да имате необавезен секс, барањата на еден маж не се кој-знае колку големи. Се се сведува на пријатна надворешност и желба од страна на девојката. Но кога станува збор за посериозно поврзување само сексапилот не е доволен. Може да ги сметате за ладни, груби и површни, но представниците на посилниот пол многу добро знаат што бараат. Со пар големи гради и долги нозе нема да го натерате да пукне од љубов! Еве што секој маж сака да поседува неговата девојка.

ГРИЖА

Не помслувајте дека тој бара мајка, а не девојка! Мажот само сака да знае дека ви е навистина грижа за него. Дека не барате само друштво и некој да ви ги плаќа сметките за станот. Па жените кои се однесуваат со разбирање за желбите и потребите на господата секогаш се во предност.

СТРАСТ

Тука не станува збор само за редовен секс. Треба да го натерате да се чувствува посакуван, да му покажете дека навистина ви е пријатно во кревет со него. Здрвените девојќи порано или подоцна ќе бидат заменети од страсна девојка.

ЖЕНСТВЕНОСТ

Разберете еднаш засекогаш дека со грубо однесување ќе импресионирате само губитници или пак мажи со многу малку искуство за жените. Со цинични изрази и бесрамни манири нема да го натерате да се заљуби.

САМОСТОЈНОСТ

Приордно, дека момчињата сакаат да се чувствуваат силни и да чувствуваат дека можат да ја штитат партнерката. Но тоа не значи дека треба да му висите на вратот! Значи, ако сте од девојките кои се навикнати се да им биде на готово, бидете сигурни дека никој нема да се задржи долго оклу вас.

СМИСОЛ ЗА ХУМОР

Намрштените и мрачни девојки сигурно веруваат дека се супер интересни. Но вистината е дека мажите масовно им се подбиваат. Или пак предпочитаат да не си ги арчат нервите со нив. Многу подобро поминуваат насмеаните жени, кои можат да се забавуваат насекаде. И кои не се секираат постојано за нешто.

Напиши коментар