After Midnight

Што да правиш, ако тој е вљубен во друга?

Човек не може да им заповеда на своите чувства, тоа е јасно. Друго е прашањето дека често ги мешаме предметните чувства. Мислиме дека е љубов, а тоа се покажува како страст. Мислиме дека сме само пријатели, но во еден момент чувствуваме дека не сме само тоа. Што да правиш, ако оној, во кој си вљубена, е вљубен во друга? Единствениот начин е да испровоцираш романтични емоции во него. Тоа има како да се случи. Подготвивме неколку кратки, но многу ефективни упатства.

Биди добра

Ако злобееш против соперничката, така само ќе ја провоцираш да ја брани. Што автоматски значи дека ќе ја почувствува уште поблиска. Од друга страна мажите навистина ја ценат добрината на една жена. И на крај, тоа е вистинскиот пристап, кој ќе те држи на ниво.

Насочувај го

И тоа не толку на личен план. Со што и да се занимава твојот љубен, доста паметно ќе постапиш ако често му даваш комплименти за способностите и му помагаш. Биди негов пријател! Нека сам почувствува дека има потреба од тебе.

Провоцирај љубомора

Понекогаш мажите не сваќаат дека им се допаѓа некоја девојка, додека не ја видат со друг. Овој момент е многу тенок, бидејќи не треба многу очигледно да му го наметнувш во очите другиот маж. Најдобро е да свати дека некој таму дава мило и драго за да поминува време со тебе.

И најсилниот адут – сексот

Ако ситуацијата е таква, што мажот кој го сакаш има чувства кон друга, треба да се обложиш на убавиот секс што е можно побрзо. За подобро или полошо, со него најлесно се влијае на господата. Нови пози, нови играчки, повеќе орална љубов… Ако станеш одлична љубовница, значи половина негово срце е твоетТ!

И конечно, нема како да не направиме едно појаснување – бори се за својата љубов, но во границите на нормалното! Тргнеш ли по патот на подлост и безобразни манипулации, порано или подоцна ќе ти се врати.

Write A Comment