After Midnight

ШТО Е ВИСТИНСКА ЉУБОВ?! ДА ТЕ БОЛИ И ПАК ДА САКАШ???

Сте се запрашале ли што е всушност љубовта? И дали сте ја почуствувале некогаш вистински? Некои велат дека љубовта е болка, која води до смрт, а други дека тоа значи да го имаш небото, а да сакаш само една ѕвезда, да го имаш морето, а да сакаш само една капка вода, да го имаш целиот свет, а да сакаш само еден единствен човек.  Трети тврдат дека љубовта е чувството што си го почувствувал што никогаш досега не си го почувствувал. И сите тие се во право, зошто нема точна дефиниција за неа, таа не е наука, не е предмет во училиште.

Љубовта е нешто многу силно, што неможеш да го разбереш пред да го почуствуваш, а кога мислиш дека чувствуваш нешто слично, не нзеш што е точно. Дали тоа е онаа вистинската? Таа фантастичната и нејасна? Таа е природна, чиста и многу нелогична. Не е само привлекување, хемија, таа е блискост, нежност, подршка, тоа да чувствуваш болка кога вдишуваш, зошто саканиот не е до тебе. Кога ќе го погледнеш, да го видиш целиот свет во неговите очи и ништо друго. Кога ќе те погледне, чувствуваш како околу тебе е празно, мрак, а само тој е ѕвездата, светлината и патот кон тебе.

Љубовта е давање и ако навистина сакаш некого, ти би направил се за него, дури и да ја ризикуваш сопствената среќа. Љубовта е се и ништо на овој свет, таа е и болка и радост, мака и среќа, таа може да те направи безумно среќен, да те испрати на седмо небо но може да те натера да страдаш, да плачеш ден и ноќ, да не го чувствуваш вкусот на животот и да не знаеш зошто. Тогаш што ќе ни е љубовта, кога не повредува?  А можеби е така за да научиме да сакаме вистински и да бидеме силни, за да бидеме посреќни. Таа не може да не убие и не се појавила за да убива, а да не направи посилни и достојни да се бориме, зошто како и се останато во овој живот, љубовта е борба. Борба за среќа. А според вас зошто сме дојдени на овој свет?

За да бидеме среќни. И ако не можеме ние, барем да направиме некого среќен со својата љубов. Зошто вистинската љубов е способност да сакаш, дури и без да бидеш сакан.

Знам дека многу ќе страдам што имам ваква налудничава представата за љубовта и дека тешко ќе го најдам сето ова, но сепак…некако длабоко во себе верувам и тоа ми дава сила и покрај многуте неуспеси до сега, да продолжам да чекам моите нереални желби да станат реалност. За сите вас што сте во истава каша, само да знаете дека не сте сами! Ваквите љубовни фанатици се редкост, но не има!!!

Напиши коментар