Free zone

Што ќе правевме ако ги немаше парите?

Вие што би правеле ако парите не постоеа? Дали ќе продолжевте да дремите по канцеларии кои ги мразите, со колегите кои не ви се симпатични, вршејќи работа за која немате желба…или ќе се насочевте кон нешто што ќе ве прави да се чувствувате исполнето и среќно?

Поетите и уметниците се се помалку зошто секој знае дека слични дејности не носат пари или барем додека уметникот е жив. Мечтите се претопуваат во монетарен живот, што е многу тажно пријатели. Знаеме дека не е типично за нас да сме толку философски расположени, но понекогаш и нас успева нешто да не трогне. И макар што во случајот зборуваме за едно видео, всушност зборовите кои се кажани во него се целата суштина. Парите не се живот, парите се предмети со чија помош ние сами си го ограничуваме животот. После тоа истото го предаваме на децата кои уште како мали знаат дека ако немаат пари, немаат ништо. Така малку по малку стануваме зависни од банкнотите, а кога поголемиот дел од нашиот живот ќе помине, сваќаме дека сме пропуштиле само едно – сме пропуштиле да живееме. Малку е тажно, но за жал е актуелно.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=siu6JYqOZ0g#!

Напиши коментар