After Midnight

Што мажите сакаат од нас за време на сексот?

Спротивно на популарното верување, целта на мажите не е само да не однесат во кревет. За нив е многу важен и самиот процес. Дури според некои експерти, современите мажи станаа многу тешки! Интересно е дека само мал дел од нив се способни да ви кажат што точно сакаат во кревет. И за да не ви се наметнува да водите слични разговори, ние ви нудиме да сте еден чекор пред нив. Видете ги 6-те работи кои секој маж ги сака од нас за време на сексот.

  • Да сме ослободени. Воопшто не е пријатно да создаваш ентузијазам и за двајцата. Постојано ти да ги иницираш работите и да се чудиш дали другиот е во ред, или не. Па почетокот на сексот треба да е крај на срамот. Запомнете го тоа!
  • Да нема лицемерие. По природа момчињата се страшно љубопитни суштества, особено во сексот. Тие сакаат да пробуваат нови работи, но не и ако партнерката до нив се преправа дека се согласува.
  • Да ги галиме. Да, знаеме дека повеќето ерогени зони кај нив се концентрирани главно на едно место. Но тоа не значи дека треба да ги игнорираме и другите нивни делови на телото. Грбот, стомакот, рамената, вратот – се места за кои вреди да одвоиме време.
  • Да се галиме себе. Добредојдовте! Тукушто го прекорачивте прагот на една скриена, но многу силна желба кај господата. Им дејствува супер возбудувачки, а и си има скриен адут – тие ќе раберат каде точно сакаме да не допираат.
  • Да се качиме барем еднаш одозгора. Може да го контролирате темпото според сопствените желби, а мажите обожаваат кога жената е одозгора. Затоа барем 10 минути ваква поза, девојки!
  • Пофалби. Сега не е нужно да му кажувате дека е бог на сексот. Доволно е искрено да споделите со него дека ви било одлично. Тоа му делува мотивирачки. Што повеќе може човек да посака?

Write A Comment