After Midnight

Што сакаат мажите на 25, 35 и 45 години?

Потребите на мажите се менуваат во зависност од нивните години. Како созреваат сакаат поинакви работи. Пронајдовме за вас како мажите се однесуваат кога имаат 25,35 и 45 години.

На 25 години стравот од врската кај мажите исчезнува. На овие години имаат реален став према врската. Бараат еднаквост и рамнотежа. На сите можни начини се трудат да ја задоволат жената. Од својата партнерка го бараат сето она што тие го имаат. Идеи, ставови, кариера и живот.

На 35 години друштвениот живот не е повеќе бурен, а кариерата доаѓа до израз. Во овој период се одлучуваат за брак, бидејќи тогаш се доволно искусни. Во сексот експериментираат со цел да и овозможат на жената дополнително задоволство. Бараат жена која што ќе ги почитува и цени поради нив самите.

На 45 години мажите стануваат внимателни со подарувњето на љубов. Свесни се дека им истекува рокот на употреба и се трудат на својата љубена да и го овозможат сето внимание кое таа го бара. Многу внимаваат на предиграта и водењето љубов им e исклучително важно. Исто како и жените, мажите во овие години сакаат да изгледаат по млади.

Write A Comment