After Midnight

Што секоја девојка треба да знае за љубовта?

За жал повеќето лекции во љубовта ние, жените, ги учиме по цена на многу болка, солзи и разочарувања. Но, како да се поштедиме себе од сето тоа? Единственото нешто што треба да го направиме е да го слушаме своето срце. Не предрасудите, не нечии “морални” ставови, не можните настани во една нејасна и неизвесна иднина.

Можеш да му покажеш на еден маж колку си посебна, но не можеш да го натераш да те сака. Најдобар впечаток, привлекувањето и страста се различни чувства од љубовта.

Не ја троши љубовта за мажи кои не ја заслужуваат. Бидејќи таа треба да биде чиста, взаемна и да те прави среќна. Се различно од тоа, не вреди напор.

Кога еден маж ќе ти каже дека не сака сериозна врска, слушни го тоа! Тоа не е предизвик мда докажеш дека си жената поради која тој ќе ја смени одлуката.

Ти самата не можеш да го промениш човекот до себе. Но, начинот на кој го сакаш, можеш.

Врската не е место каде што постојано треба да докажуваш колку си паметна, силна, способна и добра. Таа треба да биде место каде што можеш да бидеш спокојна и да знаеш дека ќе има кој да ти помогне.

Не е љубов, тогаш кога некој со своето однесување сака да ти причини болка.

Животот е премногу краток! Па не си го губи времето со погрешни мажи. Како да разбереш кои се погрешни? Слушај ме мене, срцето, јас никогаш нема да те излажам…

Напиши коментар