Ако жената решила да ве изневери, значи веројатно имала добри причини за тоа и најдоброто што може да го направи мажот во случајов е не да се расправа, туку да го анализира своето сексуално поведение, советуваат психолози и сексолози.
Како ќе ја препознаеш?
Таа станува премногу загрижена. Се чувствува виновна и затоа се стреми по секаков начин да ви удоволи за да ја потисне вината. Кошулите ви се испеглани идеално, таа готви почесто, никогаш не откажува секс. Но во нејзините очи нема пламен и страст, тие покажуваат лажна загриженост.
Таа веќе нема никакви претенции. Ако претходно мрчела, сега веќе ништо не и пречи. Таа не се вознемирува повеќе за вашите грешки и недостатоци, едноставно е среќна со друг човек.
Кои се причините за нејзиното неверство?
Не е задоволна од сексот, недостаток на љубов или одмазда за некоја некоректна машка постапка,
Рутината поради која и здосадува и креветот и истите пози, и впрочем сексот со еден ист човек постојано,
Се чувствува занемарена. Мажот категорично откажува да експериментира во кревет. Така од сексот остануваат само монотони покрети кои ја раѓаат желбата да побегнеш од него.
Егоизмот, кога мажот мисли само за задоволување на своите потреби и е сконцентриран единствено на својот оргазам. Додека пак жената има потреба да се почувствува посакувана.