After Midnight

Сингл и среќни

Не се сите сингл девојки во сталана потрага по принцот на белиот коњ. Некои се навистина задоволни со тој љубовен статус и уживаат удоволувајќи си само на себе. Тие не се одрекуваат од мажите и љубовта, но свесни се дека не треба зивотот да го стават на пауза додека не се појави Правиот  Господин.

Можеби и вам ви треба подсетник зошто е убаво да сте слободни како птица. Еве список на добрите страни на сингл статусот:

Флертувате без чувство на вина

Вие и само вие одлучувате да ли деколтето е предлабоко, а суќњата прекратка.

Бидете сигурни дека е подобро да сте сами, отколку со погрешна личност.

Можете да ја прескокнете депилацијата, а да се чувствувате одлично.

Не паничите поради каснење на циклусот.

Не морате да глумите оргазам, само за да ја зголемите неговата самодоверба.

Можете да бидете нерасположени и тивки, без лажно да ве обвинуваат дека сте во PMS.

Нема кој да врти со очите додека разговарате со пријателката.

Сакате да излезете со машко друштво? Слободно. Нема кому да му се правдате.

Можете да излезете, да се забавувате, да играте, без постојано да гледате во часовникот.

Вие сте личноста која може да ве направи најсреќни.

Нема љубоморни испади ,кои наводно вие сте ги предизвикале.

Не сте принудени да правите компромиси.

Во потполност сте ослободени од стравот на неверство или скршено срце.

Полесно ќе преживеете и со три килограми повеќе.

Не морате да ја трошите вашата енергија и време за да промените ничии лоши навики.

Да бидете среќни со статусот на сама девојка значи дека сте јака, самостојна личност, знаете да уживате во сопствениот живот и вашата среќа не зависи од некој друг.

Напиши коментар