“Дајте и на една жена вистински чевли и таа ќе го покори светот” – Мерлин Монро. А ние би рекле вака – “Дајте и на една жената прави чевли и таа ќе го покори… мажот”!
Девојки, доколку сакате мажите да лазат под вашите нозе, еве какви чевли треба да носите…
Чевли со висока потпетица
Може и да се банални, но дејствуваат. Дефинитивно дејствуваат! Високите чевли ги прават силуетата и нозете повеќе секси, глуждовите потенки, а одењето женствено и еротско.
Црвени чевли
Црвените, високи чевли се апсолутен фетиш за мажите. Во тоа едноставно нема спор.
Црни чевли со црвен ѓон
Еве во овој модел, дело на Кристијан Лобутен, има повеќе сексуален набој дури и од црвените чевли! Класичната комбинација од црвена и црна секогаш дејствувала беспрекорно на мажите, а и има нешто многу перверзно во таквите чевли.
Лакирани чевли
Се разбира, повторно со висока потпетица и по можност црни или црвени.
Остри чевли
Ако сакате некој маж да се влече по вас покажувајќи го јазикот, овие чевли се вистинскиот избор.
