Мојата кујна

Слатки пржени лепчиња

Од стариот леб може да направите вкусен десерт. На пример слатки пржени лепчиња. За овој рецепт потребно ви е:

– Јајца

– Кафен шеќер

– ванила екстракт

– малку масло

– пециво

– цимет

– брашно

– мед

– млеко

– овошје по желба

Најпрво промешајте ги јајцата, а потоа додадете ги останатите состојки. Медот и овошјето се за декорација.

Откако ќе ги измешате сите состојки ставете ги лепшињата во смесата и пржете ги на загреано масло.

 

Потоа ставете ги вои чинија и полијте ги со мед. На крајот декорирајте со овошје по ваша желба.

1 Comment

  1. А дали може да ни ги кажете мерките и количините на дадените состојки?

Write A Comment