After Midnight

Страв од љубовта

Многу луѓе се плашат од љубовта, макар и да копнеат по неа. Стравот од љубовта е страв од страдање и отфрлање. Кога сакаме, ние сме чувствителни и раниви. Кога се плашиме од љубовта, тоа е страв дека ако се откриеме себе си, другите ќе ни ги доловат недостатоците и ќе не одбијат.
Да сакаш, значи да пуштиш некого зад сцената, каде што ќе може понекогаш да види и несигурност, сомнеж и копнеж кои обично ги чуваме сокриени длабоко во себе.
Кога сакаме вистински,учествуваме во животот самоуверено и целосно.
Стравот од љубовта е страв од акција, додека да почувствуваме дека е безбедно да излеземе напред.
Штом најдете храброст да сакате вистински, ќе се излечите од овој страв и ќе создадете мирен внатрешен простор во кој стравот не може да навлезе.

Напиши коментар