After Midnight

Тајната на вечната љубов

Тајната на вечната љубов

Постои една стара индиска приказна која зборува за двајца млади индијанци: момче и девојка.

Еден ден двајцата се упатиле до кај поглаварот на своето племе и одлучно му кажале: “Ние се сакаме и бараме да ни го дадеш твојот благослов и да не поучиш што треба да правиме за нашата љубов да трае вечно”.

“Добро”, одговорил поглаварот. “Ќе ви кажам, што да правите. Но, најпрво дојдете со мене горе во планината, но пред тоа пронајдете ми два орла и понесете ги со себе, а потоа ќе видиме што понатаму”.

Двајцата млади луѓе тргнале во различен правец и по кратко време секој од нив донел по еден орел. Кога стигнале до врвот на планината, поглаварот им рекол вака:

“Земете го сега ова кратко јаже и со неговите краеви заврзете им по една нога на орлите”.

Вљубените го послушале и им ги врзале нозете на птиците.

“Сега пуштете ги да летнат”! – Рекол поглаварот.

Момчето и девојката ги фрлиле птиците во небеската висина, но орлите не можеле да летнат, бидејќи нозете им биле меѓусебно врзани. Тие паднале на земја, сакајќи да се ослободат од јажето со кое биле врзани.

Тогаш стариот индијанец рекол:

“Сега исечете го јажето”!

Момчето и девојката ја послушале и таа наредба, го исекле јажето и повторно ги фрлиле орлите во небеската висина. Овој пат птиците бргу се издигнале во висината, се завртеле неколку пати и полетале до снежните врвови на блиската планина. А мудриот поглавар им рекол:

“Ете, тоа е тајната на вечната љубов и среќа: ако луќето се врзани едни за други, нигогаш нема да им успее да полетаат. Вие можете слободно да летате заедно, но не да бидете врзани. Но, ако сепак се врзете, никогаш нема да можете да ја спознаете ни љубовта ни среќата”.

 

Напиши коментар