Квентин Тарантино изјавил дека Џони Деп е во списокот на актерите со кои би сакал да соработува оваа година.
Меѓутоа за целта тој треба да го ослободи актерот од оковите на Тим Бартон. „Би сакале да работиме заедно!“, изјави Тарантино во шоуто на Чарли Роуз.
Деп не е единствениот актер во списокот на преферирани актери на Тарантино. Тој сака да ја добие и Мерил Стрип како и Мајкал Кејн да учествуваат во неговиот нов филм.
А додека ги подготвува своите идни планови во киното, режисерот може да се радува на фактот дека неговата нова лента „Џанго без окови“ ги има сите шанси да стане неговото најдобро филмско остварување.