After Midnight

Убавите половини на фудбалерите

Ајде да видиме кои се среќничките кои успеа да ја освојат љубовта на најголемите мајтори на топката ( со дебели банкарски сметки).

Овие девојќи навистина добиле џекпот – партнерите се богати, атрактивни и славни. Но и убавиците исто така имаат со што да се пофалат.

Ирина Шејк

Убавата русинка маѓепса еден од најдобрите фудбалери на нашето време – младиот убавец Кристијано Роналдо од “Реал Мадрид”. Се шпекулираше и за свадба, но сепак тој среќен настан сеуште го исчекуваме.

Викторија Бекам

Ако врската на Ирина Шејк и Роналдо е најгласната “фудбалска романса” последнава година, тогаш свадбата меѓу поранешната Спајсица и Дејвид Бекам е најголемата љубовно-фудбалска историја на сите времиња! Вики веќе 13 години е мажена за играчот, кој е еден од најплатените фудбалери во историјата. За тоа време убавицата успеала на спортистот да му роди четири деца.

Шакира

Најсексипилната жена на планетата, Шакира имала љубовна врска со синот на поранешниот аргентински претседател цели 11 години, но во 2011 година го напушти и си најде нов кавалер – дефанзивецот на “Барселона” Жерар Пике. Убавецот е десет години помлад од пеачката, но веќе ја има заработена титулата “Светски шампион”. Двајцата веќе имаат син.

Алена Середова

Чешката манекенка, поранешна телевизиска водителка Алена Середова е најпозната по своите секси фотосесии за машки списанија. Како и со фактот дека е жена на Жанлуиджи Буфон – еден од најдобрите голмани на сите времиња. Двојката има две деца.

Илари Блази

Исто како и Алена Середова, Илари работела како манекенка и телевизиска водителка. И не застанала тука, туку си нашла и истакнат фудбалер за сопруг- италијанецот Франческо Тоти, фудбалер на “Рома” и светски шампион за 2006 година.

 

Напиши коментар